Зошто станот на Моника од „Пријатели“ е во виолетова боја?

Веројатно се уште се сеќавате на секој детаљ од серијата „Пријатели“. Да речеме, на виолетовиот стан на Моника.

Зошто станот е токму во таа боја, а не е на пример бел?

„Додека го преставував сетот на „Пријатели“, презентирав просторија во бела боја, а еден од продуцентите веднаш ми рече: Што ќе правиме со бојата?“- се присетува дизајнерот на сетот Џон Шафнер.

„Мислам дека треба да биде виолетова“– му одговорив.

„Сите беа скептични додека не им го преставив малиот виолетов модел. Бојата е многу важна во прикажување на идентитетот на серијата. Кога гледачот ќе пушти „Пријатели“, ќе ја види виолетовата боја и нема да смени канал, туку ќе продолжи да ја гледа серијата. Тоа се исплатеше. Не можете да негирате дека станот е една од првите работи кои ви паѓаат на памет кога ќе се сетите на култното ТВ шоу. И не само тоа, луѓето толку многу се вљубија во станот, што дури пробуваа да го пронајдат низ Њујорк“- вели Шафнер.

Сега знаете!

Leave a comment

error: Content is protected !!