Зошто сме лути и нервозни кога ни е е жешко?

Можеби сте забележале дека луѓето се понервозни кога им е жешко? Епа, тим на полски научници има теорија која објаснува зошто е тоа така.

Истражувањето покажало дека кортизолот, хормонот на стрес, се намалува во текот на зимскиот период, а зголемувањето на температурите влијае врз неговиот пораст.

Докторката Доминика Каниковска од Универзитетот за медицински науки во Познан била изненадена од тоа дека повеќе кортизол циркулира низ телото во текот на топлите денови.

„Овие податоци се во спротивност со традиционалните концепти, кои зборуваат дека телото е поопуштено во текот на летото“- изјавила Каниковска.

Многу теории ја поврзуваат високата температура со забрзана работа на срцето, тестостеронот и метаболичките редукции, како и активирање на симпатичкиот нервен систем.

Leave a comment

error: Content is protected !!