Зошто религиозните земји се сиромашни?

Новото истражување дефинитивно разреши зошто земјите со многу религиозни луѓе- сиромашни. Додека оние нерелигиозните се многу побогати.

Досега се сметаше дека сиромаштијата го подигнува нивото на религиозност, а богатството го намалува. Што навистина има и смисла-луѓето кои немаат баш многу, утеха пронаоѓаат во верата.

Но, тоа не е вистина, туку работата е сосема обратна.

Во истражувањето, представено во магазинот Science Advances, податоците собрани од 1990 година па до денес, укажуваат дека падот на религиозноста води до економски раст и благосостојба.

„Нашите наоди покажуваат дека секуларизацијата му претходи на економскиот развој, а не обратно“- изјавил Дамијан Рак од Универзитетот Бристол.

Исто така постои врска помеѓу толеранцијата и развојот на човечките права со унапредување на работниот раст. Овие корелации останале силни дури и кога ги исклучиле факторите како образование и културно наследство. Научниците заклучуваат дека главниот двигател на успехот во општеството е толеранцијата.

„Секуларизацијата многу често оди заедно со поголема толеранција спрема хомосексуалноста, абортусите, разводите и слично“- изјави др. Рак.

Leave a comment

error: Content is protected !!