Зошто од пиво ни расте стомакот?

Сигурно и сами некогаш сте прокоментирале нечиј „пивски стомак“, но дали сте се запрашале зошто од пиво расте толкаво стомаче?

Кога пиете пиво, црниот дроб мора да работи повеќе, отколку вообичаено, за да го детоксира алкохолот кој сте го внеле. Ако на тоа додадеме дека со пиво обично одат и грицки, не треба да ве изненади тоа што наскоро ќе ви се појави таканаречениот пивски стомак.

Сепак не се грицките тие кои ќе се „залепат“ за овој дел од вашето тело. Самото пиво е доста калорично, со една кригла внесувате околу 150 калории, но зошто се собираат баш на стомакот?

Постојат две причини за тоа.

По 35-тата година од животот, метаболизмот на повеќето луѓе почнува да станува побавен, односно се намалува способноста на организмот да преработува се што сте внеле во него.

За жал на многу мажи, природата ги регулирала работите така што на припадниците на посилниот пол после третатата деценија од животот се им се „лепи“ на стомак. Кај жените метаболизмот се успорува многу порано отколку кај мажите, но кај поголемиот дел жени мастите се таложат на колковите и задникот. Така да, слободно можеме да си измислиме и изрази како „пивски колкови“ и „пивски задник“.

Leave a comment

error: Content is protected !!