Зошто мачките сакаат кутии?

Мачките навистина обожуваат кутии, не им е важно дали се големи или мали. Тие дури обожуваат и објекти кои потсетуваат на кутии, како што се фиоки, лавабоа или корпи за алишта.

Мачињата никако не можат да им одолеат. Зошто е тоа така? Кутиите инстиктивно ги привлекуваат мачките, бидејќи им даваат сигурност. Ограничениот и скриен простор им пружа заштита од предаторот, а од друга страна, така може да го следат својот плен останувајќи неприметени.

Качувањето, скокањето и криењето во вакви простори кои кутиите совршено ги преставуваат, за мачките е природно однесување. Така, картонската кутија е најевтина играчка која може да му „купите“ на вашиот миленик. Оставете ја кутијата на безбедно место за вашата мачка. Во неа можете да ставите неколку играчки. Исто така, може да направите повеќе отвори, доколку кутијата е со поголеми димензии. Низ овие отвори, мачето може да ги посматра своите омилени играчки, други мачиња или вас.

Кутиите се идеални и за дремка. Мачките понекогаш спијат и од 18 до 20 часа дневно, па кутиите им пружаат идеално чувство на сигурност додека спијат. Може да им ставите и ќебенце во кутијата и таа најверојатно ќе стане нивното омилено место за дремка. Освен што на мачката ќе и даде чувство на сигурност, кутијата ќе ја задржи температурата, па на маца ќе и биде доволно топло.

Погледајте како мачките Мару и Хана уживаат со кутијата:

Leave a comment

error: Content is protected !!