Зошто мачките повеќе сакаат жени отколку мажи?

Спрема студиите направени во истражувачката станица на универзитет во Виена, мачките сакаат да поминуваат повеќе време со жените, отколку со мажите. Иако можеби некои од вас нема да се согласат со ова тврдење, сепак аргументите на истражувачите се доста силни.

На мачките е лесно да им угодиш- ги храниш, ги мазиш и имаш среќен миленик. Иако и машките и женските членови на фамилијата се подеднакво задолжени на мачката да и обезбедат се што и треба, мачката сепак ќе ја фаворизира сопственичката и тоа поради пет клучни причини:

Нејзиниот глас

Жените им звучат смирувачки, па дури и децата подобро реагираат на тој „помек“ тон. Исто така на жените им е полесно да имитираат мјаукање и на тој начин воспоставуваат подобра комуникација со мачињата.

Женски допир

Генерално, жените имаат помеки и понежни раце од мажите. Кога ги галат мачките, припадничките на понежниот пол се нежни и внимателни, а нивниот допир никогаш не е болен. Исто така, жените повеќе и почесто сакаат да се мазат со мачките, а на тој начин полека, но сигурно градат цврста врска со нив.

Мајчински инстикт

Жените се раѓаат со инстикт да се грижат за некого, било да се работи за деца или миленици. Тие никогаш не забораваат да ги нахранат своите членови на семејството и за се максимално да им угодат. Истражувачите кажуваат дека грижливата сопственичка кај мачките ќе еволуира чувства кои мачето ги имало како мало кога било под закрила на мајката.

Слични особини на личноста

Не се вели за џабе, дека кучето е најдобар пријател на човекот- мажите и кучињата сакаат спорт, поактивни се од жените и сакаат да поминуваат време на отворено. Исто така, кучињата понекогаш ја занемаруваат хигиената, додека една мачка тоа никогаш не би си го дозволила. Мачките сакаат чистота, сакаат нежност, грациозни се и тивки, па научниците тие особини ги споредија и со просечните особини на жените.

Повеќе интеракција

Спрема студијата, најголема причина поради која мачките повеќе ги сакаат жените, е тоа што жените едноставно со нив поминуваат повеќе квалитетно време. Знаете какви се мачките- што поголемо е количеството љубов што го добиваат, поголеми се шансите дека ќе ја возвратат.

Leave a comment

error: Content is protected !!