Connect with us

Repriza.mk

Зошто кенгурите живеат само во Австралија?

Uncategorized

Зошто кенгурите живеат само во Австралија?

Како и поголемиот дел торбари, кенгурите се населени во областа на Австралија и нејзините блиски острови.

Првите цицачи се појавиле уште во ерата на диносаурусите. Некои од нив биле торбари, а некои имале плацента. Плацентните цицачи ги хранат неродните младенчиња додека уште се во мајчиното тело, додека на женките торбари за оваа потреба им служи торбата, каде што растат бебињата.

СО промена на климата на Земјата, исчезнале диносаурусите, додека цицачите се размножиле и различно се развивале. На цицачите со плацента мозокот им се развивал побрзо, а за бебињата било побезбедно во почетниот стадиум да се развиваат во заштитениот свет на мајчиниот стомак.

Така торбарите во многу краеви од светот исчезнале, бидејќи не можеле да опстанат во борбата со другите цицачи. Меѓутоа тоа не се случило во Австралија и Јужна Америка. Научниците сметаат дека Австралија некогаш била поврзана со Југоисточна Азија, веројатно со низата острови. Торбарите најверојатно се рашириле по Австралија во време кога таму воопшто немало плацентни цицачи. Бидејќи немале конкуренција, напредувале и се развивале во повеќе правци.

 

Leave a comment

More in Uncategorized

To Top
error: Content is protected !!