Зошто го сакате тој покрај себе? Светот заборавил што е вистинска љубов, а зборовите на овој старец ќе ви се врежат во срце

Американскиот рабин Абрахам Тверски, автор на многу книги за религијата и животот, духовник, психијатар, често држи говори кои ги поттикнуваат младите на љубов, почитување и смиреност.

“И така, момчето и девојката ќе се заљубат. Што значи тоа? Тоа значи дека тој во девојката видел некој што ќе ги задоволи неговите физички и емоционални потреби, а таа мислела дека тоа момче може да ги задоволи нејзините потреби. Тоа за нив е љубов”, вели Рабинот.

“Луѓето погрешно ја гледаат поентата во ова. Ако сум ти дал нешто, сум се вложил самиот себе во тебе, а бидејќи љубовта кон сее е давање, сите се сакаат себе. Сега еден дел од мене се наоѓа во тебе, постои дел од мене во тебе кој го сакам. Вистинската љубов е кога даваме љубов, а не кога ја примаме”, вели Абрахам.

Leave a comment

error: Content is protected !!