Знаете ли дека во цигарите се додава шеќер?

Малкумина пушачи знаат дека во цигарите се додава и шеќер, покажало новото американско истражување. Истовремено, малкумина од нив се свесни дека додавањето на шеќер го зголемува количеството на токсини во цигарите, пишуваат авторите на истражувањето во списанието “Nicotine and Tobacco Research”.

Цигарите содржат природни и додадени шеќери кои ја намалуваат “горчината” на циарите, поради што нивниот чад полесно се инхалира. Но, тие истовремено ја зголемуваат количината на штетни хемикалии во чадот како и зависничкиот потенцијал од пушење, вели д-р Ендру Сеиденберг, докторанд на јавно здравје на универзитетот Северна Каролина.

“Бројните учесници во истражувањето изјавиле дека сакаат да знаат што повеќе за шеќерот во цигарите. Еве таква прилика”, изјавил Сеиденберг за “Reuters”.

Тој со својот тим колеги следеле 4.350 возрасни пушачи во склоп на еден експеримент со електронски цигари. На крајот од експериментот, учесниците морале да одговорат на две прашања за дополнителните шеќери во цигарите: “Се додава ли шеќер во цигарите?” и “Додавањето на шеќери во цигарите ги зголемува токсините во чадот. Дали пред почетокот на студијата некогаш сте чуле за ваквата последица?”.

Резултатите од студијата покажале дека 5,5 отсто од учесниците во анкетата знаеле дека во цигарите се додава шеќер, а само 3,8 отсто знаеле дека дополнителните шеќери ги зголемуваат токсините, поради што Сеиденберг вели дека ваквите резултати се шокантни.

Само за потсетување, никотинот кој се содржи во цигарите предизвикува зависност бидејќи го стимулира допаминот во мозокот на пушачите, кој дава привремено чувство на опуштеност и смиреност. Поради привременото чувство на смиреност, пушачите брзо палат нова цигара. Меѓутоа, некои од адитивите ги стимулираат никотинските рецептори, поради што бројни повремени пушачи стануваат страстни пушачи.

Leave a comment

error: Content is protected !!