Животна опасност: Никогаш не оставајте шише со вода во автомобил на сонце! (видео)

Луѓето од компанијата Ајдахо Пауер, што е преведено на македонски, варијанта на нашата електродистрибуција ЕВН, споделија видео на социјалните мрежи кое укажува на опасностите до кои може да дојде доколку во возилото оставитет пластично шише со вода во текот на топол летен ден.

Верувале или не, обично шише со вода, може да ви го запали автомобилот, затоа што се однесува како лупа која сончевите зраци ги фокусира во една точка. Затоа немојте никогаш пластично шише со вода, да оставате подолго во автомобил кој со часови ќе стои на сонце. Ако не ни верувате, погледнете го видеото, каде што се е убаво објаснето:

Затоа пластичните шишиња со вода, секогаш тргајте ги од сонце, доколку морате да ги оставите во автомобил, најубаво е да ги сокриете во багажникот.

Leave a comment

error: Content is protected !!