Живот во златен кафез: Во ова мистериозно село живеат само богаташи, но никој не смее да го напушти

Хуакси е најбогатото село во Кина и претставува тешко достижен сон за многу Кинези. Покрај урбанистичката уреденост и економијата која константно расте, ова место е познато и по високиот животен стандард кој се истакнува во однос на остатокот од Кина.

За 55 години, Хуакси се претворило од сиромашна рурална област во симбол за економска експанзија на земјата. Селото го краси и 326 метри висок хотел. Луксузниот објект има 60 ката, 826 соби, а уште на приземјето ќе ве пречека 30 милиони фунти вредна статуа од бик направена од чисто злато.

 

Жителите на Хуакси работат седум дена во неделата и наводно сите имаат повеќе од 100.000 долари на банкарските сметки. Во оваа населба владее комунистичка утопија, односно вистински кинески социјализам во својот изворен облик.

Хуакси во 1961. година го основал Ву Ренбао, со идеја да направи населба која ќе претставува своевиден модел на кинескиот комунизам. Жителите имаат многу висок стандард, скапоцени куќи и автомобили. Ренбао, кога го основал селото, како клучни фактори за среќа ги навел парите, автомобилите, куќата и семејството.

Ренбао ја разбирал желбата на луѓето да го видат светот, но како да се отпатува кога нема одмор? Решение претставува “светскиот парк”. Тука може да се видат реплики од Сиднејската опера, Кинескиот ѕид, Триумфални капии и Статуата на Слободата.

Доколку жителите на Хуакси сепак одлучат да заминат, губат сè – куќа, автомобил и пари – а целиот нивен имот го делат останатите жители.

Работниците кои доаѓаат во селото само за работа, не уживаат во бесплатното здравство и економските погодности на жителите на Хуакси. Според некои проценки, овие мигранти покриваат околу 95 проценти од популацијата. Само 5 проценти претставуваат првобитни доселеници од 60-тите.

Селските власти тврдат дека сите во Хуакси се богати, иако тоа сигурно е пропагандна порака со цел да се промовира кинескиот комунизам. Контролата на медиумите и законските забрани ги спречуваат локалците да разговараат со претставници на странски медиуми, па така животот во селото може да се каже дека е мистерија.

Покрај комунистичките песни кои се пуштаат од разглас на улиците и портретите од “Големиот Ренбао”, животот во Хуакси е како некој долготраен експеримент.

Туризмот во Хуакси е многу застапен, бидејќи многу луѓе сакаат да видат каков е животот во комунистичката утопија. Од друга страна, многу посетители наведуваат дека во Хуакси не може да се најдат ресторани и продавници, како и тоа дека речиси да нема место каде луѓето може да ги потрошат своите пари.

Leave a comment

error: Content is protected !!