Живеел сам на островот повеќе од 30 години, а сега бил одведен на сила

Јапонскиот Робинзон Крусо кој живеел сам на далечен остров 30 години, бил принуден да го напушти својот рај поради проблеми со здравјето.

Масафуми Нагасаки од 1989 година живее на островот Сотобанари, кој е дел од ланецот острови во близина на Тајван. И покрај тоа што немал никаква облека, Нагасаки водел многу дисциплиниран живот со строго одредена дневна рутина.

Неговиот утрински ритуал вклучувал вежбање, а потоа неколку часа чистење на плажата и тоа со бели ракавици.

“Никогаш не сум видел почиста плажа од неговата, дури ниту во најскапите и најлуксузните хотелски ресори”, изјавил Алваро Серезо кој неодамна снимил филм за островот на кој живеел Масафуми.

82-годишниот Јапонец ја напуштил својата работа на главниот јапонски остров Хоншу, со цел да живее осамен живот далеку од цивилизацијата.

Серезо изјавил дека стариот Масафуми морал да го напушти островот во мај бидејќи некој го забележал неговиот слаб изглед. Одлуката за неговото “отстранување” од островот следела и покрај желбата на Нагасаки да ги помине своите последни денови токму таму.

“Веќе го известив моето семејство дека ќе умрам тука”, изјавил Нагасаки. “Тоа е моја желба со која не вознемирувам никого. Би сакал да ме убие тајфун и никој да не се обиде да ме спаси”.

Алваро вели дека луѓето кои го забележале овој старец ја повикале полицијата и го вратиле назад во цивилизација.

“Не можеше да се спротивстави бидејќи беше многу слаб. Неговото здравје е добро, најверојатно станува збор за настинка, но повеќе не му дозволуваат да се врати на островот. Готово е”, рекол Серезо.

Leave a comment

error: Content is protected !!