Жирафа пет часа се борела со гладни лавови, и на крајот – успеала да победи

Храбрата жирафа успеала да го преживее бруталниот напад на чопор лавови, кој траел дури пет часа, и покрај фактот што еден упорен лав успеал со заби да ја зграби за грбот.

Шест гладни лавови нападнале една возрасна жирафа во јужноафриканскиот резерват за диви животни “Klasarie Private Nature Reserva”. Жирафата го испружила вратот и почнала да ги јаде лисјата од дрвото, кога околу неа наеднаш почнале да кружат лавови. Една женка и еден мажјак и скокнале на грбот, додека другите и ги напаѓале нозете и се обидувале да ја соборат.

Лавицата за грбот на жирафата се држела цели две минути.

Иако раната на ногата силна крварела, жирафата успеала по неколку часа борба да ги растера ѕверовите кои на крајот се откажале од преголемиот залак.

Драматичната епизода ја забележале двајца локални водичи, а неколку кратки видеа објавила и официјалната страна на резерватот.

Leave a comment

error: Content is protected !!