Жешкиот асфалт му ја проголтал ногата: Толку е жешко што се сè топи, момче за малку ќе настрадало!

Во Њукасл во Велс се одвивало едно несекојдневно спасување, кога дошло до топење на асфалтот.

Имено, едно 24-годишниот момче, додека правело пауза за ручек, згазнало на мекиот дел од патот, кој автоматски “му ја проголтал ногата”. За да го ослободат, пожарникарите морале да скршат голем дел од патот

“Можел да испаничи и да го скрши зглобот, но мирно повикал и ја почекал помошта. Пристигнале неколку минути по повикот, ископале дел од асфалтот и лесно ја извлекле ногата заробена длабоко во бетонот”, рекле пожарникарите.

Спасувачките екипи ги предупредуваат граѓаните да водат сметка како и каде пешачат во текот на жешките денови.

Leave a comment

error: Content is protected !!