Исландскиот играч кој во натпреварот против Аргентина играше само половина час, сега е вистинска сензација на социјалните мрежи. Имено, откако накратко влегол во игра, тој буквално преку ноќ добил 250.000 нови следбеници.
Рурик Гисласон ги полуде жените во светот, а стекнал посебна популарност во Јужна Америка. Бразилската актерка Габриела Лопес објавила пост на кој ги прашува своите два милиони обожаватели како “е можно да е толку сладок”, а згодниот Исланѓанец не престанува да освојува со својот изглед.
Аргентинската актерка Гимена Акарди споделила дека 40 илјади нејзини обожаватели започнале да го следат профилот на Гисласон за само 30 минути. Пред натпреварот, фудбалерот имал околу 30 илјади следбеници, а таа бројка моментално изнесува 490 илјади и понатаму молскавично расте.
Легијата на новите обожаватели на исландскиот фудбалер ќе има прилика да го види во акција овој петок во натпреварот против Нигерија.