Рита Ора се појавила на 21. по ред “GQ Man Of The Year” доделувањата на наградите во секси, но пристоен фустан кој го потпишува “Ralph & Russo”. Меѓутоа, кога официјалниот дел ќе заврши, а Рита и доделила награда на Наоми Кемпбел, пејачката од Косово се соблекла и доживеала пех!
Имено, Рита на афтер парти тргнала во целосно проѕирна тоалета под која имала само гаќички, а која целосно ги откривала нејзините голи гради.
Меѓутоа, кога чекорела пред фоторепортерите една прерамка и пукнала и Рита покажала и повеќе од тоа што се гледало во првиот момент.
Таа без паника со рака ја придржала прерамката, додека папараците се радувале за секси фотографиите кои ги имале…