Жените во Иран објавуваат видео снимки како танцуваат во знак на поддршка за уапсената тинејџерка Меиде Хоџабри, која на Инстаграм објавила како танцува на иранска и светска поп музика.
Нејзиното апсење собрало илјадници нејзини фанови на Инстаграм, кои почнале да објавуваат снимки од себе како танцуваат, со хаштаг #танцувањето не е злосторство, пренесува “BBC”.
Иранската влада им забранува на жените да се облекуваат на одредени начини и да танцуваат со припадници на спротивниот пол во јавност.
Тинејџерката во видеото играла во својот дом без хиџаб.
Кратко по апсењето, таа била ослободена со кауција и изјавила дека не сакала да навреди никого, туку да собере повеќе фанови на популарната социјална мрежа.