Жените во Саудиска Арабија сега можат да возат, но овие осум забрани покажуваат дека и натаму се дискриминирани

Саудиска Арабија почнала да им издава возачки дозволи на жените. Меѓутоа, овој потег ги ставил во центарот на вниманието останатите начини на кои жените се дискриминирани во оваа држава.

Десет жени добиле возачки дозволи во понеделникот, а околу 2.000 веќе очекуваат да се приклучат на новата заедница на жени возачи, пред истекот на забраната на 24. јуни. Жените кои веќе имаат дозволи во други држави ќе мора да минат тест пред да добијат дозвола.

Додека жените сега можат да гласаат и да возат, овој пресврт стои во сенка на останатите забрани – тие мора да бараат дозвола од сопругот за добијат возачка. Еве осум забрани кои покажуваат дека жените и натаму се дискриминирани во Саудиска Арабија.

 

Жените треба да се придржуваат до строг кодекс на облекување и да носат облека која ги покрива глуждовите, која се нарекува абаја.

Жените не можат да се дружат со мажи кои не се во нивно сродство.

Ако сакаат да го напуштат домот, да патуваат, да работат, да изнајмат стан, да предадат барање или да одат во болница, тие мора да имаат придружба, или дозвола од машки старател кој обично е нивен маж, татко, брат, вујко, па дури и син.

Жените мора да бараат дозвола и од своите старатели за да се мажат или да се разведат. Жените кои сакаат да се омажат за странец мора да добијат одобрение од Министерството за внатрешни работи. Не смеат да се омажат за немуслимани.

 

На жените не им е дозволено да имаат сопствени банкарски сметки или да ги контролираат своите финансии без дозвола на нивниот старател.

Саудискиот правен систем вели дека сведочењето на жена вреди само половина од тоа кое го дава маж.

Ќерките добиваат само половина од наследството кое добиваат нивните браќа.

Во случај на развод, на жените им е дозволено старателство над децата само додека не наполнат седум години, за машки, и девет години за девојчиња.

Leave a comment

error: Content is protected !!