Жените Близнаци никогаш не стареат- Зошто припадничките на овој хороскопски знак се толку посебни?

Близнаците цел живот се вечни деца кои сакаат забава во секој облик.

Нив никогаш не им е доста од љубов- дури и во старечките домови се венчаат повеќе од сите припадници на другите знаци. Можеби тоа е и причината зошто жената Близнаци никогаш не старее.

Жената родена во знакот Близнаци важи за забавна, друштвена, магична и провокативна. Изгледа многу младо и е ептен харизматична. Со неа, секој се чувствува помлад и затоа и ги простуваат чудните или манипулативни испади. Инаку е доста непредвидлива и својата друштвена и љубезна маска многу брзо може да ја замени со онаа дистанцираната и арогантната.

Сака да запознава нови луѓе и не е вообразена, но не е и претерано заинтересирана за долги љубовни врски. Всушност, жената Близнаци е со многу заљублива природа.

Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност и не дозволува физичка блискост со некој кој што не е способен да ја предизвика интелектуално.

Постојано има желба за нови работи, а тоа не е баш благослов за финансиите, нејзини или на сопругот. Тоа често подразбира ексцентричен изглед кој истовремено е резултат на егзибиционизам типичен за Близнаците.

Нон стоп е во движење и нема концерт, премиера, значаен настан кој би можела да го пропушти. Поготово, ако тоа и го налага професијата,бидејќи жените Близнаци често знаат да бидат врзани со средствата за масовна комуникација.

Константно се прилагодува на сопствените потреби и тоа го пробува и со партнерот. Подготвена е да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие она што го сака. Се што мисли, го мисли дупло подобро од својот партнер. Меѓутоа, ако партнерот и се препушти со доверба, ќе му открие нови светови и ќе направи тој да се чувствува освежено и вечно младо.

Со нејзе, секој нов ден е како нов живот. Тоа е жена со која не постојат баналности, бидејќи во се знае да пружи смисол. Полна е со изненадувања. Кога сте најмрзеливи, ќе ве изненади со карта за најбараниот концерт или некој спортски настан. Се што сака е понекогаш и вие да ја изненадите.

Leave a comment

error: Content is protected !!