Женички играа оро пред Собрание во одбрана на Македонија (видео)

Две госпоѓи денеска заиграа оро пред Собрание во строг центар на Скопје.

На местото каде што се поставени шаторите на демонстрантите против промена на името, денеска имаше само четворица, но иако беа малку сепак решија убаво да си поминат.

Слушајќи македонска народна музика, двете женички одиграа по некое оро пред Собрание на Р.Македонија, велејќи дека „Македонија не може да биде ни горна, ни долна, една е Македонија“

По оваа изрека на времето се прослави и гатачката Сабина која постојано ја повторуваше оваа изрека во текот на нејзината емисја на телевизија Амазон.

Погледнете како денеска го бранеа името со песна, што би се рекло- Кој пее зло не мисли:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!