Шпанската полиција уапсила 51-годишна жена која ја запалила болницата “Нашата Госпоѓа од Канделарија” на шпанскиот остров Тенерифе, затоа што и здодеало да чека, а сите пациенти, меѓу кои имало и деца, и персоналот, биле итно евакуирани.
Incendio en hospital de la candelaria santa Cruz de Tenerife pic.twitter.com/ljSF69yATQ
— CESAR (@CESAR92279930) August 13, 2018
https://platform.twitter.com/widgets.js
Притоа пироманката воопшто не била пациентка, туку била во придружба на роднина која таму се лечела.
“Знаеме дека една личност ја презема одговорноста за инцидентот. Таа личност е во роднинска врска со пациент”, рекол Конрадо Домингез, шеф на регионалната служба за здравје.
“Лекарите не сакале да ја прегледаат таа пациентка и жената во знак на протест ја запалила боцата со кислород”, рекол еден очевидец за весникот “El Pais”.
Никој од пациентите и персоналот не бил повреден,, но сите 160 пациенти кои чекале на прегледот, меѓу кои имало и 10 деца, морале да се евакуираат.