Земјата се повеќе се клати – научниците предупредуваат: Планетата е надвор од рамнотежа, а ова е причината

Новото истражување покажало дека Земјата се повеќе се клати додека се врти околу својата оска, а научниците од НАСА мислат дека луѓето се барем делумно виновни.

Експертите веруваат дека топењето на поларниот мраз, забрзаното согорување на фосилните горива, играат важна улога и исфрлањето на земјата од рамнотежа.

Научниците на НАСА од Лабораторијата за млазен погон во Пасадена, Калифорнија, идентификувале три главни фактори кои влијаат на ротацијата на планетата. Претходно се мислело дека благото поместување е исклучително одговорен процес познат како “глацијално кревање”.

Меѓутоа, овој процес е премногу бавен за да биде исклучиво одговорен.

Новото истражување идентификувало уште два фактора за овие промени, кои играат иста улога во влијанието на Земјината ротација. Прв од нив е таканаречената “конвекција на обвивката”. Овој процес управува со движењето на тектонските плочи на површината на планетата, а НАСА верува дека влијае и на нејзиното “клатење”. Втора причина е топењето на мразот, посебно на Гренланд. Тој процес се забрзува со вештачко, човечко загревање на околината.

Leave a comment

error: Content is protected !!