Збогум легендо! Болеста била посилна, почина Оливер Драгојевиќ

Оливер Драгојевиќ починал по тешката борба со болеста. Тажната вест ја потврдило и семејството на пејачот.

Засегаш не напушти Оливер Драгојевиќ. Легендарниот музичар почина на 71. година по тешката борба со болеста. Проблемите со здравјето дошле во септември минатата година, кога било откриено дека пејачот боледува од рак.

Зад себе оставил огромен траг на хрватската музичка сцена, која секогаш ќе го памети како великан кој обележал многу животи со своите песни.

Оливер е роден во Сплит на 7. декември 1947. година. Во музиката се заљубил уште во детството, откако татко му му купил усна хармоника.

Во естрадните води влегол во 1963. година како пејач и клавијатурист на познатиот сплитски бенд Батали. Четири години подоцна се појавил како дебитант на Сплитскиот фестивал.

Неговата кариера доживеала замав во 1994. година. Во текот на петте децении успешна работа, Оливер освоил најпрестижни фестивалски и дискографски награди.

Leave a comment

error: Content is protected !!