Збогум „Game of Thrones”, доаѓа новата најскапа серија „Lord of the rings“- Откриен главниот лик

Според најновите информации кои кружат во филмските и телевизиските кругови, главната улога во новата серија „Господар на прстените” ќе му биде доделена на Арагорн.

Новата серија на Амазон во првата сезона најверојатно ќе се фокусира на животот на младиот Арагорн.

Неговиот живот е поврзан со бројни приказни во универзумот на Толкин, од најраната младост кога го изгубил таткото, а мајка му се борела за негово преживување, преку откривање на своето наследство и должноста спрема Меѓуземјата, се до збидунувањата во трилогијата.

Серијата е инспирирана од книгата и филмовите „Господарот на прстените“, но се очекува приказната да не врти околу војната за прстенот, туку околу настаните кои се наоѓаат во останатите LOTR додатоци ( вкупно шест делови).

Досега се потврдени пет сезони, но останува да видиме дали навистина првата сезона ќе се одвива околу наследникот на Исилдур и гондорскиот престол.

Ликот на Арагорн во славната трилогија го толкуваше актерот Виго Мортенсен, но со оглед на тоа што дејствието на новата серија е сместено во периодот пред случувањата прикажани во филмотвите, улогата на ренџерот од север најверојатно ќе му биде доделена на друг актер.

За серијата е предвиден буџет од милијарда долари, а со тоа „Господар на прстените“ би требало да стане најскапата серија на сите времиња.

Инаку за потсетување, истоимените филмови од 2001, 2002 и 2003 година на кино благајните заработија околу 2, 8 милијарди долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!