Затвореник ископал тунел од 70 метри, па настрадал на чекор од слобода: Умрел во најтешки маки

Затвореникот Жадсон Куња Евангелиста бил на чекор од слобода кога се обидел да побегне од затвор преку тунел кој самиот го ископал, но не успеал во својата намера.

 

Бразилецот во затворот Монте Кристо, на северот на земјата, лежел поради убиство, а претходните неколку месеци го копал тунелот кој на крајот бил долг 70 метри. Меѓутоа, на само неколку метри од површината, Евангелиста останал без воздух и починал.

 

Се верува дека тој планирал со други затвореници да побегне од затворот на спектакуларен начин, а се истражува дали се вратил до ќелијата кога му се слошило.

Полицијата го открила тунелот кој бил под тоалетот на Евангелиста во ќелијата, а како што потврдиле, тунелот бил ископан под ѕидините на затворот и електричната ограда.

 

Колку била добро завршена работата сведочи и податокот дека 150 полицајци го пребарувале теренот 7 часа додека да го лоцираат тунелот. Тие претходно биле известени дека покојниот затвореник имал пеколен план, па тргнале во потрага.

Пронајдени биле и вреќи земја и електричен кабел кој се простирал низ тунелот. Тунелот е сега закопан.

Leave a comment

error: Content is protected !!