Запознајте ја малата Примроуз: Родена е сребрени очи, слепа е, и има оштетен слух! Но…

Станува збор за малата Примроуз, која е родена со конгенитален глауком, што значи дека има сребренкасти очи. Покрај тоа таа е слепа, а има и проблеми со слухот.

Нејзината мајка ја напуштила веднаш по раѓањето. Долго време ниеден доктор не сакал да ја лекува, поради што ова девојче минувало низ вистински пекол.

Примроуз имала и потешкотии во развојот. Не можела сама да го држи шишето за млеко, а не можела ни главата да ја држи исправена. Времето минувало, таа живеела во сиропиталиште, без надеж дека некогаш ќе најде семејство.

За нејзина среќа, се појавиле Крис и Ерин. Тие веќе имаат две деца, и воопшто не планирале да го прошируваат семејството. Потоа на Фејсбук во група за посвојување ја погледнале фотографијата од девојчето со сребрени очи и описот за нејзината состојба.

“Ја посвоивме во јануари 2016 година, а јас две години претходно плачев, бидејќи некако чувствував дека е некаде во колевка и дека нè чека нас. Кога ја погледнав нејзината фотографија на Фејсбук, знаев дека таа е таа. Не можам да објаснам како, но знаев дека поради неа плачев и знам дека сега е таму каде што треба да биде, во својата вистинска куќа”, вели Ерин.

“Кога на луѓето ќе им кажеме дека е слепа, обично велат “Жал ми е”. Нема зошто да Ви биде жал. Нема ништо страшно ниту погрешно во слепилото”, објасна Крис.

Примроуз не зборува и не може да оди, па комуницираат преку нејзините допири. Секој ден заедно се борат со неа. Но, научила да се смее и научила што значи да се има семејство.

Leave a comment

error: Content is protected !!