Запознајте ја кучката чија глава е уценета на 70.000 долари: Поради неа колумбискиот нарко-картел не спие мирно

Борбата со полицијата на трговците со дрога во Колумбија добила нова димензија и тоа поради кучето Сомбра кое станало најголем непријател на нарко-картелот.

Сомбра е 6-годишна женка германски овчар и кошмар за дилерите, бидејќи е вистински експерт за откривање на дрога. Толкав што за нејзината глава нарко-картел нуди дури 70.000 долари.

Таа досега меѓу куфери, багажи, големи пакети со овошје, на полицијата и помогнала да открие околу 10 тони скриен кокаин.

“Нејзиното чувство за мирис е подобро од на другите кучиња”, објаснува Хозе Рохас.

Тој раскажал како изгледа еден нејзин работен ден: “Смената почнува во шест часот наутро. Ја подготвуваме да биде во најдобро издание и веднаш започнува работата. Моментално работи во товарниот и поштенски терминал на аеродромот во Богота”.

По шест часа работниот ден е готов. Во автомобил со затемнети стакла повторно се враќа во својата куќичка. Најчесто во придружба на две вооружени лица.

Сомбра во превод значи Сенка. Сомбра добила обезбедување и на неопределено ќе остане под строг надзор. Во војната против нарко-картелите во Колумбија во последните две децении загинале околу 2.000 полицајци.

Leave a comment

error: Content is protected !!