Запознајте го најбрзото дете на планетата

7 годишниот Рудолф Инграм Џуниор уште кога бил мал го имал надимакот Молња, а сега сите го нарекуваат Јусеин Болт. Тој веќе има свој профил на Инстаграм со повеќе од 300.000 следбеници, а покрај трчање тренира и фудбал.

Вниманието на јавноста му го привлече кога во една трка истрчал 100 метри за само 13,48 секунди, што е американски рекорд за неговите години. Детето исто така привлече внимание кај кошаркарот Леброн Џејмс и тимот на американски фудбал Темпа Беј Баканирс.

Малиот Рудолф започнал да тренира кога имал само 4 години.

“Можат да му ја овозможат цела опрема која му е потребна за да биде одличен, но неговата сила, работна етика и волја за успех се тоа што го придвижуваат и доведуваат до резултати. Тој не сака да се чувствува како губитник. Тој сака да победи”, рекол неговиот татко.

Таткото раководи со Инстаграм профилот на својот син и ги набљудува неговите тренинзи. Вели дека на својот син се обидува да му обезбеди нормален живот.”Никогаш немам пропуштено тренинг, никогаш немам пропуштено натпревар. Тој е голема ѕвезда помеѓу луѓето, за мене тој е само бебе. Јас сум снимател, тренер, негов шофер и сето тоа без пари. Мојата желба е да го видам среќен како го прави тоа што го сака”, вели таткото на детето.

Тој се надева дека еден ден неговиот син ќе замине на Олимпијада.

“Ако не оди, не е важно. Одиме понатаму. Важно е дека секогаш сум покрај него. Мора да стоите покрај вашето дете, постојано да го поддржувате и на крајот сигурно ќе стане некој”.

Покрај трчањето и фудбалот, 7 годишниот Рудолф се занимава и со моделинг.

Leave a comment

error: Content is protected !!