Загадувањето на воздухот убива 7 милиони луѓе годишно

Дури седум милиони луѓе годишно умираат како последица од загадувањето на воздухот, соопшти Светската здравствена организација.

Покрај загадувањето на отворен простор, кое однесе 4,2 милиони животи, проблем е и загадувањето во домаќинствата поради одредени енергенти и технологии кое однесе околу 3, 8 милиони животи.  Нивото на загадување е на многу опасно ниво во многу делови од светот. По најновите податоци, девет од десет личности вдишуваат воздух кој содржи високо ниво на загадувач.

Повеќе од 90 проценти од смртните случаи поврзани со загадувањето се забележани во земјите со среден или низок стандард, поголемиот дел во Азија и Африка, а по нив следуваат некои земји од источното Средоземје, Европа и Америка- земји меѓу кои е и Македонија.

„Загадувањето им се заканува на сите, но најсиромашните и најмаргинализираните го носат најголемиот товар“– изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебресис.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!