Чистењето на прозори е работа која ниедна домаќинка не ја сака. Бара многу ангажирање, носи и доза опасност ако го правите тоа на висина, а првиот дожд ќе го уништи вашиот труд. Штета што не постојат прозори кои се чистат самите…Е па, сега и тоа го измислиле.
Во оваа снимка е прикажано како тоа функционира: го вртите прозорот околу неговата хоризонтална оска и водата со сапуница почнува да се слева меѓу двете стакла. Ако не се измие како што треба, вие го вртите толку пати колку што мислите дека е потребено.
Пронаоѓачите на овој патент единствено не ни покажуваат како на крајот се исфрла валканата вода од прозорот, но веруваме дека мислеле и на тоа.