Забава, рум и романтика: Барбадос е идеално место за одмор за парови

Доколку сте заљубени, сакате забава и сончање, тогаш оваа дестинација е идеална за вас.

Уште не сте одлучиле каде ќе одите со партнерот на летување? Имаме идеално место за одмор и релаксација – Барбадос.

Не е познато само како родно место на Ријана, туку и по убавите плажи, совршената вода, но и храната, пијалаците и забавата. Сандалс е одморалиште кое прима само парови, а во ноември организира и курсови за парови, на кои учесниците учат да готват како најпознатите готвачи.

На островот ве очекуваат локални кулинарски специјалитети, но и вкусни коктели. Достапни ви се и свежи производи кои жителите на Барбадос ги произведуваат сами. Тоа што морате да го пробате е специјално печените лебови полни леблебија готвени на кромид, кари и ким. Многу се вкусни и евтини.

Барбадос е магично место. На секој чекор можете да видите луѓе кои продаваат лубеници и риба, но и свеж кокос. Островот е познат и по одличниот рум кој се произведува. Најдобар е белиот рум, кој е стар дури 18 години. Коктелите со рум на тропските острови имаат посебен вкус и даваат посебно доживување.

Единствено е тешко да се најде вегетаријанска храна на островот. Постојат организирани екскурзии и тури кои ви овозможуваат да го обиколите островот и да ги видите сите најубавите плажи и историски места.

Водата е прекрасна и одвај ќе дочекате да се искапете во неа. Песочните плажи со палми се одлични за излежување на сонцето, а можете да уживате и во романтичното заоѓање на сонцето.

Leave a comment

error: Content is protected !!