За влакно спречена војна меѓу двете сили: Погледнете како кинески брод му сече пат на американски уништувач, во последен момент избегнат хорор

Фотографиите кои ги направила американската страна покажуваат колку опасно блиску до нивниот уништувач минал кинески воен брод во Јужното Кинеско море.

Портпаролот на американската пацифичка флота, Нејт Кристенссен, рекол дека уништувачот “Декатур” во неделата пловел во архипелагот Спретли, меѓу Виетнам и Филипините, кога кинескиот брод “му пришол на помалку од 41 метар”.

Наведено е дека кинескиот воен брод спровел низа агресивни маневри со предупредување до “Декатур” да се оддалечи од спорното подрачје.

Кинескиот брод обидувајќи се да му го пресече патот, го принудил американскиот капетан на бродот тежок 8.500 тони и долг 150 метри нагло да се врати во рикверц.

“Двата брода за малку ќе се судреле”, рекол Карл Шустер, поранешен капетан на американската морнарица со 12-годишно искуство во пловидба, откако ги погледнал фотографиите на американската морнарица.

И покрај одлуката на меѓународната арбитража која во 2016. година пресудила против Кина, Пекинг положува право на речиси целото Јужно кинеско море и поради тоа се спори со земјите од Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија, Виетнам, Филипини, Малезија и Брунеи.

Најновиот поморски инцидент се случил во момент на тензични односи меѓу Кина и САД, кои се вплеткани во трговска војна која веќе довела до воведување на царини на роба вредна милијарди долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!