За Садам слушнал целиот свет, но малку се знае за неговата првата жена, која исчезнала без трага

Малку се знае за првата сопруга на некогашниот ирачки лидер Садам Хусеин, Саџиди Талфи. Околу неа кружеле многу гласини, па тешко е да се утврди што е вистина, а што не.

За почеток, се знае дека тој брак го договориле нивните родителите. Тогаш Садам и Саџида немале ни по 10 години.

Освен тоа, таткото на Саџида му бил вујко на Садам, така што тие не биле само брачни партнери, туку и блиски роднини. Се венчале во 1963. година и имале пет деца. Саџида пред бракот работела како наставничка, а напредувала на социјалната скала кога станала прва дама.

Носела дизајнерска облека, скапоцен накит и сакала својата црна коса да ја фарба во сина. Една жена која имала можност да ја запознае рекла дека Хаџида сакала да има и посветла боја на кожата, па поради тоа на лицето ставала многу пудра.

Наводно, трговците во Багдад се плашеле од нејзините посети на продавниците, бидејќи никогаш не сакала да плати целосен износ. Приказните кои кружеле велат дека била немилосрдна, исто како нејзиниот сопруг.

Иако Садам Хусеин во јавноста се претставувал како примерен сопруг и татко, тој менувал бројни љубовници. Една од нив, Самира Шабандар, на крајот му станала и сопруга.

Иако двајцата биле во брак, тоа не ги спречило да се гледаат, а по некое време сопругот на Самира се повлекол. Меѓутоа, Саџида не прифатила да биде заменета со друга жена.

Еден брат на Саџида, јавно негодувал поради оваа афера, но набрзо бил замолчен бидејќи загинал во чудна хеликоптерска несреќа.

Неколку години подоцна, телохранителот на Садам признал дека му било наредено во леталото да подметне експлозив.

Многу членови на семејството Хусеин биле принудени да го напуштат Ирак во текот на Заливската војна. Саџида својот луксузен живот го напуштила во 2003. година, пред самиот почеток на инвазијата, меѓутоа, не се знае каде точно престојувала. Се претпоставува дека отишла во Катар.

Во 2004. година изнајмила тим од околу 20 адвокати да го бранат нејзиниот сопруг од обвиненијата за воени злосторства, но следната година тој тим бил распуштен. Набрзо заедно со својата ќерка Рагад се нашла на листата најбарани луѓе во Ирак, бидејќи ги финансирала сунитските бунтовници.

Наводно, барала азил во Велика Британија со двете ќерки. Иако пријавите никогаш официјално не биле покажани, британската влада навела дека “нема обврска да дава азил на луѓе кои учествувале во кршење на човекови права”.

Пред три години, се појавиле гласини дека починала, но нејзиното семејство тоа го демантирало.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!