За прв пат во Македонија: На маж од Штип му е вградено вештачко срце

Во Македонија е вградено првото вештачко срце, а пациентот, 46-годишен маж од Штип, е во свесна состојба и закрепнува.

Операцијата која траела пет часа, ја предводел доктор Александар Николиќ во клиничката болница “Аџибадем Систина”, пренесуваат медиумите.

Големината на механичкото срце е како природното, а се полни со помош на батерии тешки шест килограми, кои пациентот по излегувањето од болницата ќе ги носи на грбот.

Македонските кардиохирурзи имале стручна едукација за изведување на оваа операција во Германија, а таа би требало да му обезбеди пристоен живот на пациентот од Штип во наредните шест години.

Во светот досега била вградени околу 18.000 вештачки срца.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!