За овие летувалишта можеби не сте слушнале, а се наоѓаат во близина на Халкидики

Цените на овие летувалишта горе-долу се исти, а гужвите се неспоредливо помали. Иако многу од туристите сметаат дека не постои ништо толку убаво како Халкидики сепак постојат уште фантастични места во таа околина кои можете да ги посетите.

Жителите на Солун секогаш сакаат да го истакнат Халкидики и неговата убавина.

Меѓутоа, интересно е тоа што на чекор од Халкидики се кријат уште многу убави и егзотични места кои можат да му парираат и кои знаат да бидат интересни за туристите.

Неа Перамос е место лоцирано на 17 километри западно од Кавала кое го краси неверојатно убава песочна плажа, а ова село е поврзано со уште седум други села – Неа Ираклиц, Агиос Андреас, Елефтерес, Елеохори, Миртофит и Фолео. Ноќевањето во ова село чини околу 35 евра.

Тоа што е поинтересно е тоа што во близина на ова место се наоѓа една од најубавите плажи во Грција – Амолофи која често ја нарекуваат грчки Малдиви.

Исто така веднаш до Неи Пори во кое летуваат многу туристи се наоѓа и местото Платамона со фантастични плажи и можеби најчистата вода од морето во Олимпискиот регион, но и истоимената тврдина која Византијците ја изградиле во 12-от век.

Ноќевањето во Платамона за две лица во просек чини околу 40 евра, а цените се и повеќе од достапни за туристите.

Leave a comment

error: Content is protected !!