За ова не сте ни сонувале: Ова се податоци кои веб сајтовите ги знаат за вас!

Иако не сме свесни за тоа, веб страните собираат секакви податоци за нас, но постои начин и да го спречите тоа.

Еве кои се податоците кои веб сајтовите ги знаат за вас:

Знаат каде живеете

Идентитетот на секој компјутер на интернет се бележи со IP адреса која содржи податоци за градот, државата, давателот на телекомуникациски услуги, како и локацијата на мапа и карта. Сопствениците на веб страните сакаат да знаат што повеќе за луѓето кои ги посетуваат, за да можат да понудат најрелевантна содржина.

За да дознаете сопствената IP адреса одете на Google и напишете: What is my IP address. За да одите чекор понатаму и да дознаете повеќе информации, одете на IPLocation.net. Оваа веб страна веднаш ќе ви ја покаже IP адресата и се што може да се дознае за вас.

 Како да ја сокриете IP адресата?

Луѓето најчесто користат VPN за да се заштитат. Бесплатната страница hide.me ви овозможува да изберете земја во која сакате веб-локаторите да мислат дека сте. Оваа бесплатна услуга го пренасочува вашиот интернет сообраќај преку таа земја. Ако сакате трајно решение, подобро е да се претплатите на евтина VPN услуга и да ја користите буквално за се. Имајте на ум дека, иако ја криете IP адресата од страниците, VPN давателот на услуги и понатаму ја знае.

Веб страните знаат кои луѓе ви се семејство и пријатели

Еден од изворите од кои многу веб страници собираат информации за вас се социјалните мрежи. Многу луѓе не размислуваат доволно за прикривање на веб локацијата на социјалните мрежи, а токму тоа е една од замките преку кои ги откривате најчувствителните информации за себе.

Ја знаат вашата адреса, телефонски број и е-мајл

Размислите на бројот на веб страници или фирми на кои брзо сте се пријавиле со е-мајл. Многу луѓе не сфаќаат дека информациите се приватни и дека во погрешни раце може да се користат на необични начини, но желбата за користење на некои интернет услуги или апликации, често ја победува желбата за приватност.
Тоа не значи дека никогаш не треба да се пријавувате на таков начин, но не го правете тоа често. Погрижете се тоа да се компании со кои и претходно сте комуницирале и имате доверба во нив.

Знаат што сакате

Дали сте знаеле дека веб страните може да откријат кое хоби и интереси ги имате, кога и да ги посетите? Со проверување на вашата историја на прегледување, можно е да ја прилагодат содржината спрема вашите интереси, а тоа го овозможуваат колачињата.  Тие ги потхрануваат информациите за веб локациите кои ги посетувате, како што е идентификација на сесијата ( така страниците следниот пат знаат дека сте вие кога ќе ги посетите), поставките на веб-локацијата и други информации. Познати се како колачиња од прва страна и се многу сигурни, но загриженоста поради заштитата на приватноста произлегува од она што е познато како колачиња од трета страна.

Што се колачиња од трета страна?

Колачињата од трета страна припаѓаат на фирми кои управуваат со огласувањето или маркетингот на веб страниците. Нема разлика помеѓу функционирањето на колачињата од прва и трета страна и она штого следат. Единствена разлика е во тоа што фирмата која управува со колачињата од трета страна знае повеќе за вашите навики на прегледување содржини на сите страници со кои управува.

Leave a comment

error: Content is protected !!