За оние кои мислат дека Земјата е рамна: Еве зошто луѓето не паѓаат од ивиците

Оваа недела во Англија се собрала екипа на луѓе кои мислат дека нашата планета е рамна Земја.

Биле околу 200 членови на Англиското здружение на рамноземјани кои на тродневна конвенција се занимавале со некоја своја паралелна теорија и наука. Едно од прашањата на кое баш и немаат одговор е зошто луѓето не паѓаат од ивиците на таквата рамна Земја.

Во соопштение тие наведуваат дека конечно го пронашле одговорот:

Објаснувањето вели дека луѓето не би паднале од ивицата кога би дошле до крајот на Земјата. Туку едноставно ќе се префрлат на другата страна на планетата. Идејата потекнува од игричката Пекмен каде што така се движите по екранот. Влегувате од една страна, а излегувате од друга.

Можеби некој би можел да им каже дека дури и тоа нивно нереално објаснување сериозно докажува дека земјата всушност е округла.

Leave a comment

error: Content is protected !!