За некого херој, за некого виновник: Децата во пештерата останале мирни и здрави само поради него!

Кога британските нуркачи, по 9 дена потрага, конечно ги пронашле 12-те деца кои биле заробени во пештерата, тие не плачеле ниту паничеле. Седеле мирно и медитирале, заедно со својот тренер.

“Погледнете како мирно седеа таму, чекаа. Никој не плачеше. Тоа беше шокантно”, рекла мајката на едно децата за “Associated press”, зборувајќи за видеото од пронаоѓањето на децата кое го обиколило светот.

Потсетуваме, децата вчера, по повеќе од две недели, конечно живи и здрави биле извлечени од пештерата.

Децата, кои се на возраст меѓу 11 и 16 години, да медитираат ги научил нивниот тренер Екапол Чантавонг, за да останат смирени, но и да ја чуваат телесната енергија со забавување на метаболизмот. Тој самиот учел да медитира како будистички монах цела деценија, пред да стане фудбалски тренер.

Имено, 25-годишниот Екапол, откако останал сирак, отишол да живее во самостан на само 12 години. Таму се обучувал за будистички свештеник следните 10 години, но крајот сепак го напуштил самостанот за да се грижи за својата болна баба.

Тренерот Аке, како што го нарекуваат сите, е во близок однос со самостанот во кој минал деценија од својот живот. Тамошните свештеници го опишуваат како “одговорно момче кое редовно медитира”

Цртежот кој почнал да кружи на социјалните мрежи го прикажува Екапол како медитира, држејќи во рацете 12 мали прасиња – како што е името на нивниот фудбалски клуб.

Пораснал како сирак, сакал да биде монах, но им се посветил на децата

Главниот тренер на тајландскиот фудбалски тим, утрото на 23 јуни го поминал подготвувајќи го својот помлад асистент да се грижи за децата.

Нопарат Кантавонг, 37-годишниот тренер на фудбалскиот тим „Му Па“ – диви свињи, утрото имал состанок. Екапол Чантавог, неговиот асистент, имал задача да ги однесе децата до фудбалското игралиште што се наоѓа на планината.

„Труди се да возиш со велосипедот позади нив, додека тие се движат, за имаш увид врз целата група“, му напишал во пораката на Фејсбук.

Неколку часа подоцна, се случила серија со драматични настани. Групата била заглавена во пештера во Тајланд. После 9 дена, тие беа пронајдени живи во неа.

Многумина го обвинуваат тренерот, велејќи дека треба да знае колкав е ризикот да се влезе во пештерата пред да почне сезоната на монсуните, и велат, требало да знае повеќе.

Но, за многумина на Тајланд, Екапол, кој пред три години го напуштил монашкиот живот и им се придружил на „дивите свињи“ како тренер-асистент е сила испратена од Бог за да ги заштити момчињата додека минуваат низ оваа тешкотија.

Според официјалните информации, тој бил еден од најслабите во групата, бидејќи на момчињата им ја давал и својата храна. Исто така ги учел децата како да медитираат и како да ја чуваат својата сила додека не ги пронајдат.

Децата го потсетувале на тоа каков бил тој, бидејќи многумина од нив растат во сиромаштија или се припадници на етничкото малцинство, без државјанство, што е речиси секојдневие во граничната област меѓу Мјанмар и Тајланд.

„Децата ги сака повеќе од себе“, рекол Џој Кампаи, негов долгогодишен пријател.

„Тој не пие, не пуши. Се грижеше за себе и ги учеше децата на истото“.

Му помагал на Нопарат, главниот тренер, да смисли систем за децата, во кој страста кон фудбалот би ја искористиле за да ги мотивираат да се истакнат во академска смисла. Ако добијат добри оцени во училиште, да бидат наградени со фудбалска опрема. Тие двајца сакале да им докажат на децата дека можат да станат нешто многу поголемо – дури и професионални спортисти.

Ги носел децата на тренинг, и кога родителите не можеле да ги превземат, ги враќал до дома. Превземал одговорности над нив како да се негово семејство.

Leave a comment

error: Content is protected !!