За некого ѓубре, за некого богатство: Креативните 3Д мурали на Бордало

Реал Бордало, познатиот португалски сликар и дедо на лисабонскиот уличен уметник Артур Силва, бил најголема поддршка и инспирација на својот внук.

Затоа Артур го нарекуваат и Бордало 2. Стиловите секако не им се поклопуваат. Реал бил класичен преставник на реализмот, додека Силва е се, само класичен не. Артур сака силни бои и чисти ѕидови, а се со намера да им даде нова цел и да испрати порака до светот.

Бордало 2 стана популарен во 2014 година, кога во предградието на својот роден град ја направи својата прва скулптура, а се работеше за голем був. Не помина многу време, а веќе сите се прашуваа чие е тоа дело. Веднаш после првата креација имаше јасен концепт: „Припаѓам на генерација која е екстремно алчна, материјалистичка и свртена кон конзумеризмот. Преполни сме со ѓубре, во себе и околу себе“- изјави тогаш Артур.

На свои десет години првпат почнал да шара по улиците на Лисабон. Денеска црта низ цел све, а посебно е популарен во Америка. Остави свој потпис и на ѕидовите во Берлин, Лондон, Баку, Париз… но, сепак поголемиот број од тие креации се со привремен карактер. Најголемиот број 3Д мурали ги направи во Лисабон, неговиот роден град.

Leave a comment

error: Content is protected !!