За мирно лето: Заштитете се од дехидрација!

Знаци дека сте дехидрирани- ви се сушат устата и јазикот, а урината има темна боја. Течностите треба да ги надокнадите со вода или изотоници. Посебно на лето, треба да се избегнува претерано конзумирање на алкохол.

Првите симптоми на благата дехидрација се сув јазик и чувство на жед, па важно е веднаш да посегнете за течност, за телото да не дехидрира додатно, но и за да не се доведете во опасност.

Умерената дехидрација со наведените симптоми кои ќе бидат и уште поизразени, ќе се манифестира и со олигурија, односно намалено мокрење. Кај тешката дехидрација, ќе се појави забрзан и ситен пулс, забрзано дишење а во најлошите случаи и потполно прекинување на мокрењето и губење на свеста. Постојат одредени состојби и ситуации кои го зголемуваат ризикот од дехидрација, па во тие моменти најважно е да се хидрирате често и правилно.

Дехидрацијата најчесто се развива како последица на зголемена телесна температура, потење, повраќање или дијареа. Правило е кога температурата на околината поминува 30 степени, да се зголеми внесот на течности. Посебно внимание треба да се посвети на старите луѓе и децата. Тие често не се свесни за потребите за течности, бидејќи може да ги залаже чувството на жед кое може да биде ослабено или воопшто да го немаат. Внимавајте и на урината, таа мора да биде во светложолта боја, а изгубените течности најдобро е да се надокнадат со обична вода, а добар избор се изотоничните напитоци бидејќи ги надоместуваат електролитите, натриумот, калиумот и хлорот.

Топ 5 совети како да останете што подобро хидрирани.

  1. Се брои секоја внесена течност.

При внес на течностите се брои секоја внесена течност- вода, чај, млеко и супа. Сепак препорака е да пиете што повеќе вода и да избегнувате засладени напитоци како сокови, кафе и алкохол.

  1. Пијте изотонични напитоци за спортисти

За да ги надокнадите изгубените електролити после вежбање, во литар вода исцедете портокал, лимон или зелен лимон, додате лажичка мед и прстофат сол, а по сопствена желба и цимет или мента.

  1. „Јадете“ вода

Еден од најдобрите извори на течности се овошјето и зеленчукот со голем процент на вода. Зголемете го внесот на лубеници, краставици, јагоди, дињи, праски, зелена салата, тиквички и домати.

  1. Треба да пиеме вода и кога не сме жедни

Не е доволно да пиете вода само кога ќе почуствувате жед, бидејќи тоа значи дека веќе сте дехидирирани. Старите луѓе дневно треба да испијат 6-8 часи, возрасните здрави луѓе 8-10 часа, а на лето дури 12 чаши вода.

  1. Недостигот на вода, го успорува метаболизмот

Колку е телото похидрирано, метаболизмот е побрз, концентрацијата е подобра, а кожата е поубава. Ако сте често гладни, напијте се чаша вода и причекајте малку. Можно е да сте жедни.

Leave a comment

error: Content is protected !!