За Ескобар ликвидирал повеќе од 100 луѓе, а паднал многу наивно: Попај не одолеал на овој повик

Џон Жаиро Веласказ, наречен Попај, некогашниот платен убиец кој работел за Пабло Ескпбар, бил уапсен откако се појавил во обвинителството во Меделин во Колумбија.

Веласкез бил баран за ковање на заговори и изнуда. Истрагата ја спроведува јавен обвинител и полицијата во Меделин.

“Планирал да го врати имотот, парите кои пред многу години ги оставил во рацете на трговец со дрога, кои најверојатно ги наследувале неговите роднини”, наведуваат полициските извештаи, пренесува “El Tiempo”.

Веласкез бил пуштен на слобода во 2014. година, откако признал стотина убиства и одлежал 22 години во затвор. Од тогаш напишал книга и се појавувал на ЈуТјуб снимки.

Властите се обидуваат да му го одземат имотот на Попај и неговото семејство уште откако излегол од затвор.

Leave a comment

error: Content is protected !!