За до продавница: Русија претставува минијатурно летало за домашна употреба

На тукушто завршената 11. Меѓународна изложба на хеликоптери “Хели Русија 2018”, меѓу новитетите посебно привлекувал внимание рускиот ултралесен хеликоптер “Микрон”.

Станува збор за летало за една личност. Местото за пилотот претставува еталон на минмализам: цврсто седиште со појаси, две типични палки за управување, две педали и управувачки панел многу лесен за употреба. Тука е и шасијата со мали тркала, а хеликоптерот може да слета и на вода. Интересно е што резервоарот на ова летало може да се наполни на обична бензинска пумпа, бидејќи не е потребен керозин за овој лесен хеликоптер да полета во воздухот.

 

“Микрон” не е прототип, туку готов производ. Малиот хеликоптер настанал во градот Жуковски, во близина на Москва, град познат како центар на руската авијациска наука. Производните погони се наоѓаат во градот Воскресењск.

Овој минијатурен хеликоптер може да се расклопи и да се држи во гаража или да се пренесува во авто-приколка.

“Работата на овој проект ја започнавме пред две години. Ви ја претставуваме третата варијанта, односно таа на чија основа ќе започне сериското производство. Сликовито ќе се изразам кога ќе кажам дека оваа варијанта е излечена од сите детски болести од кои патеа претходните модели. Дополнително ја разработивме технологијата”, вели Карлов.

Тој подвлекува дека единственоста на ова летало е во тоа што за летање и управување со него не се потребно професионални вештини ниту пилотска лиценца. Ова е летало со минимален број на проблеми карактеристични за “големата авијација”.

“На почетокот проектиравме хеликоптер така што полетната тежина да му биде помала од 115 килограми, бидејќи според руските закони тој габарит не подлегнува на сертификација, ниту е потребна лиценца за пилотирање. Меѓутоа, за да излеземе со овој хеликоптер на странските пазари, мора да му додадеме на тежина. Вградивме роторен мотор, што му ја зголеми полетната маса”, објаснува Сергеј Карлов, главен инженер на овој проект.

Кога станува збор за практичната примена, овој хеликоптер нуди многу широк спектар: од мониторинг на гасоводи или други текови, нагледување на шуми и контрола на шумски пожари, учество во потрага на исчезнати туристи или планира, до помош на сниматели во текот на работењето на специфични сцени.

Леталото е тешко само 160, а полетната маса изнесува 300 килограми. Резервоарот собира 25 литри и може да обезбеди еден час летање, а користи бензин со 95 октани.

Leave a comment

error: Content is protected !!