“За 30 години на Земјата ќе има повеќе роботи од луѓе, а за 10 машините ќе почнат да се чувствуваат како нас”

Замислата дека роботите ќе го преземат светот, на многумина им звучи како научна фантастика, но до 2048. година на Земјата ќе има повеќе роботи отколку колку луѓе вели футурологот Јан Пирсон.

Тој проценува дека популацијата на роботи на планетата ќе порасне од 57 милиони на 9,4 милијарди во следните 30 години. Според него, роботите за десетина години ќе станат и емоционално интелигентни.

Во последните неколку години, исто така се објавувани најразлични студии кои што предвидуваат дека голем удел од човечката работна сила ќе биде заменет од роботите. Од сите професии, најпрвин најмногу ќе настрадаат работните места во производството, финансиите, сметководството и транспортот.

Идејата дека „роботите ќе го превземат светот“ ги прави луѓето прилично нервозни и уплашени. Според анкета спроведена на примерок до 2 илјади испитаници, седум од десет луѓе, односно 71% велат дека се плашат од порастот на бројката на роботи со вештачка интелигенција, а речиси шест од десет луѓе, односно 59% сметаат дека роботите претставуваат закана по човештвото.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 54% сметаат дека научниците нема да може да го контролираат развојот и ширењето на роботите кои што ќе бидат управувани од вештачка интелигенција.

Истражувањето било спроведено од стриминг сервисот “Now TV” за време на промоцијата на втората сезона од популарната телевизиска серија “Westworld”.

Leave a comment

error: Content is protected !!