Вселенската војна може да започне: Русија гради моќен ласер – ќе го употребува против непријателите на целата планета

Руската Агенција за вселенски истражувања “Роскосмос” планира да го уништи ѓубрето во пониската Земјина орбита со помош на силен ласер висок три метри.

Доколку тестовите бидат успешни, оваа метода ќе осигури безбедност на понатамошните истражувања на вселената. На развојот на таа технологија работела “корпорацијата за прецизни системи”, инаку гранка на “Роскосмос”.

 

Во својот извештај до руската Академија на науки, компанијата побарала поддршка за истражување и развој на експериментален ласер, кој со својот зрак може да го уништи вселенскиот отпад.

Силниот ласерски топ би бил поставен на три метри висок телескоп чија изградба е во тек. Телескопот е предвиден за набљудување на сателити и потенцијално опасен вселенски отпад, а во случај на одобрување на проектот, би бил преработен во голем ласер.

Во извештајот, во кој увид имала руската новинска агенција “RIA Novosti”, се наведува дека агрегатот би создавал енергијата потребна за ласерот, кој би го уништувал отпадот од вселенските бродови или другите типови на ѓубре, како изгубени ракавици на астронаутите во пониската Земјина орбита.

Според претпоставките на американската агенција за вселенски истражувања – НАСА, во вселената има повеќе од 500.000 парчиња отпад.

“Релативно мал дел од орбиталното ѓубре може да нанесе штета на леталата и сателитите. Од околу 500.000 парчиња отпад, 20.000 се поголеми од топчиња за бејзбол”, се истакнува во предупредувањето на НАСА.

Leave a comment

error: Content is protected !!