Вредноста на златото во потонатиот шпански брод е 17 милијарди долари, а сега следи борба околу сопственоста

Шпанскиот брод Сан Хозе, кој потонал во Карипското море во близина на брегот на Колумбија пред повеќе од 300 години, бил пронајден пред три години со помош на автономно возило со кое управувал Океанографскиот институт WHOI, објавила денес агенцијата за прв пат.

“Не зборувавме за тоа од почит кон колумбиската влада”, изјавил Роб Муниер, потпретседателот на WHOI за морски објекти и операции.

Точната локација на бродот Сан Хозе, кој често се нарекува и “Светиот грал”, долго време била сметана за една од најголемите поморски мистерии, пренесува “AP”.

Сан Хозе, во текот на битката со британските бродови во времето на Војната за шпанското наследство, на 8. јуни 1708. година, потонал со 600 патници и членови на екипажот, како и со злато, сребро и смарагди.

Богатството на бродот се проценува на 17 милијарди долари и е предмет на правен спор меѓу неколку нации и приватни компании.

Пред неколку недели “UNESCO” ја повикал Колумбија да не го експлоатира бродот, чија точна локација е државна тајна.

Засега богатството лежи недопрено на морското дно, наведува “AP”.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!