Возете се како Путин: Лимузината на претседателот наскоро на продажба, а ќе ве шокира цената на овој тенк на тркала

Ако сакате да уживате во возењето со луксузната лимузина по мерка на Владимир Путин, претседателот на Русија, тоа задоволство ќе мора да го платите 160.000 американски долари.

Имено, наредната година во руската република Татарстан почнува комерцијалното производство на возилата “Аурус Сенат”, а конечната цена зависи од пакетот на избраната опрема.

Се очекува првите примероци на луксузната лимузина на обичните смртници да им бидат понудени на почетокот на 2020-та година. Оваа лимузина е родена од проектот “Котеж”, чиј цел е поттикнување на домашната автомобилска индустрија и инвестирање на парите од руските даночни обврзници во развој на претседателски автомобил од домашно производство.

“Возилата ќе се произведуваат во специјалната економска зона Алабуга. Произведувачот ќе обезбеди капацитети за производство на околу 5.000 примероци годишно. Проектот “Кортеж” во наредните пет години ќе чини 190 милиони долари”, рекол Денис Мантуров, министер за трговија на Руската Федерација.

Лимузините “Аурус Сенат” моментално ги произведува Централниот научен институт за автомобилизам и мотори, и тоа во ограничена серија од 250 парчиња, во главно модифицирани верзии за државни службеници.

Leave a comment

error: Content is protected !!