Возење во кафез до врв на планина: Дали би се осудиле на вакво нешто?

Возењето со жичарница на најголемиот остров на Тосканскиот архипелаг до Монте Капане, на 1.019 метри надморска висина, е искуство кое никогаш нема да го заборавите.

Две лица може да влезат во кафез кој изгледа како кафез за птици, а патот води низ шумата над крошните до врвот Елба, на еден од најубавите острови.

Дваесетминутното возење во тишина повремено ќе го прекине “црцорењето” на птиците и мирисот на медитеранските билки, што ќе придонесе за бајковитата атмосфера.

Единственото нешто што може да ви го уништи ова уживање, е стравот од висина.

Кога видливоста е добра, погледот се простира се до Корзика, а се гледаат и островите Пианоса, Капраиа, Горгона и Монтекристо, најмистериозниот остров во Европа.

Leave a comment

error: Content is protected !!