Војна за саудискиот престол: Побегнатиот принц повикува на државен удар!

Саудискиот принц од егзил ги повикува двајцата влијателни браќа на кралот на Саудиска Арабија, Салман, да спроведат државен удар во арапското кралство и да го урнат моменталниот режим под водство на синот на Мохамед бин Салман, “кој на арапската монархија секојдневно и нанесува се поголема штета”.

Принцот Калед бин Фархан, кој во политички егзил во Германија живее од 2013. година, ги повикал Ахмед би Абдулазиз и Мукрин бин Абдулазиз, да го искористат своето влијание во кралското семејство и саудиската војска и да го урнат моменталниот саудиски монарх.

“Ги повикувам моите чичковци, Ахмед и Мукрин, кои се синови на Абдулазиз, да направат нешто за да се сменат работите”, рекол принц Калед бин Фархан во интервјуто кое во понеделникот го дал за “Middle East Aj”.

Ги замолил да го спасат арапското кралство од “неразумното, глупаво и беспомошно владеење на кралот Салман”. Принцот Калед бин Фархан понатаму нагласил дека овие двајца влијателни принцови, ако се обединат против актуелниот саудиски монарх, ќе бидат поддржани од 99 проценти од кралското семејство, безбедносните служби и војската.

Исто така вели дека примил голем број пораки од високи функционери внатре во саудиската полиција и војска “дека би преземале иницијатива да се промени моменталната ситуација”.

Овој повик за рушење на кралот Салман доаѓа во момент кога главна тема во монархијата, но и пошироко, е таинственото исчезнување на крунскиот принц Мохамад бин Салман, кој не бил виден од пукањето во близина на кралската палата кон средината на април.

Низата тајни извештаи кои протекле и биле објавени во разни медиуми, велат дека принцот Мохамед бин Салман е или тешко повреден или убиен.

Од доаѓањето на власт на кралот Салман, неговиот син Мухамад станал најмоќен човек во Саудиска Арабија, откако кралот Салман го именувал за крунски принц и ја прекинал долгогодишната традиција според која тоа место му припаѓало на принцот Мохамад бин Најеф. Оваа одлука наишла на тешки критики меѓу останатите принцови, кои биле дел од наследниот ред.

Критиките се зголемиле кога голем број на принцови биле уапсени во рамките на наводната антикорупциска кампања, која ја водел крунскиот принц Мухмед. Неговата антикорупциска кампања многу аналитичари ја сметаат за класична политичка чистка.

Денес државната агенција “SPA” објавила вест дека крунскиот принц Мохамад бин Салман водел седница во Советот за економски работи и развој во Палатата на мирот во Џеди.

Leave a comment

error: Content is protected !!