Водителката се расплака во живо: Не можела да издржи кога требало да ја пренесе веста за децата мигранти

Во САД овие дена се кренала голема бура поради третманот на децата илегални имигранти, а јавноста била посебно вознемирена од сознанијата дека млади деца, вклучувајќи и бебиња, се праќаат во посебни центри за деца во Јужен Тексас.

Таа вест била толку моќна за една од главните водителки на MSNBC, Рејчел Медоу, инаку позната по критиките на сметка на Доналд Трамп, да се расплаче во живо и да не ја прочита веста до крај.

“Ова само што го објави “AP”…Ова е неверојатно”, рекла водителката.

“Администрацијата на Трамп праќа бебиња и други мали деца…во најмалку три…ставете графика. Имаме ли?”, продолжила, обидувајќи се да се сокрие зад графиката за да не ја видат гледачите како плаче.

 

“Три центри за нежна возраст во јужен Тексас. Адвокати и медицински персонал…” во тој момент се скршила и дала знак дека не може да продолжи понатаму.

“Мислам дека ќе морам да завршам сега. Жал ми е, тоа е тоа за денес”, заклучила таа.

Потсетуваме, демократските политичари кои го посетиле центарот за мигранти кај граничниот град Мекален, ги опишале страшните сцени кои ги начекале таму.

“Децата беа во кафези. Луѓето се шокирани. Децата ги влечеа родителите за рацете. Не може да ги третираме на овој начин”, напишал сенаторот Џеф Меркли на Твитер.

Leave a comment

error: Content is protected !!