Во Србија се поставуваат „паркинзи“ за кучиња, а кај нас кога?

Оваа кампања минатата година ја започна Војводинската Банка и пред 16 свои филијали во Србија постави паркинзи за домашни миленици. По неа продолжија и општините, како и дел од супер маркетите.

Паркинзите за кучиња се одличен начин за секоја фирма или институција на клиентот да му обезбеди безбедно место за миленикот додека тој заврушува работа во банка или пак купува во маркет.  Честопати сме биле сведоци на кучиња кои плачат оставени во автомобил, или седат на сонце додека нивниот сопственик ги завршува своите обврски. Понекогаш луѓето дури и немаат каде да ги остават своите миленици, па пропаѓа секој план поврзан со завршување на некоја обврска.

Затоа е доста корисно барем за почеток, поголемите македонски фирми, институции, банки, маркети да постават вакви катчиња за миленици. Секако огромниот број на љубители на животни ќе им бидат бескрајно благодарни, а најмногу ќе се израдуваат самите кучиња кои ќе си имаат свое местенце под сенка и безбедно ќе го чекаат својот сопственик.

Leave a comment

error: Content is protected !!